Почина сопругата на Слободан Милошевиќ

Како што јавуваат белградските медиуми, Мирјана Марковиќ, сопругата на некогашниот претседател на Србија и на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, починала денеска во Русија, каде што живееше во последните 16 години.

Според информациите кои ги објавија медиумите, имала четири операции во болница во Сочи.

Апелацискиот суд во Белград неодамна ја укина пресудата со која Марковиќ е осудена на една година затвор поради злоупотреба на службената положба при доделување на државни станови. Судот наложи судењето да се повтори.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Уапсен Мишел Платини

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е уапсен во врска со истрагата за доделување на организацијата на Мундијалот…