Македонскиот режисер и драматург Златко Славенски денес ненадејно почина во Скопје. Нему ненадејно му се слошило додека бил на час со студентите.

Славенски беше вработен како професор на Факултетот за драмски уметности. Тој е роден во Скопје во 1966 година.

Режисерот потпиша бројни театарски претстави меѓу кои се „Соларис“, „Папокот на светот“, „Супернова“ и „Бесови“.