Почина македонскиот актер Гоце Влахов, еден од големите актери во Македонија.

На социјалните мрежи се огласија неговата сопруга и ќерката и ја открија причината за смртта.

Гоце боледувал од рак, со кој храбро живеел шест години, но за жал, ја загуби битката.

„Почитувани пријатели и фанови на актерот Гоце Влахов,
Со длабока болка и тага соопштуваме дека Гоце почина денес после храбра шест годишна борба со рак.
За оние кои сакаат да му оддадат почит, погребот ќе се одржи на 30.07 (вторник) во 11 часот во капелата во Бутел“.