По изборите во скратена постапка ќе се укинува Советот за факти

По завршување на изборите по скратена постапка со закон ќе се укинува Советот за факти. Министерството за правда на јавен увид го стави текстот на Предлог законот за престанок на важењето на Законот за Советот утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија. Предлагач на законот е Владата на РМ преку претставниците Билен Салији, министер за правда и Оливер Ристовски, заменик министер. Во текстот кој е напишан само на една страна наведено е дека мандатот на членовите на Советот и сите вработени им престанува на денот на влегување во сила на законот, а сите постапки ќе ги преземе Судскиот совет.
Во извештајот што Советот за факти го објави вчера беше наведено дека до Судскиот совет поднеле три барања за поведување постапка за утврдување одговорност за судија.
Советот за утврдување факти, во првите шест месеци од оваа година постапувал по вкупно 404 предмети, од кои 331 пристигнале во текот на оваа година, а 73 биле останати за работа од претходната 2016 година.
Од вкупнот број на предмети решени се 291, односно биле решени 222 предмети од оние што пристигнале, годинава и 51 предмет од иницијативите што останале од 2016 година. Според извештајот, за 14 предмети иницијативите биле одбиени, а за три било поднесено барање до Судскиот совет за поведување постапка за утврдување одговорност на судија.
На чело на Советот за факти е пензионираниот адвокат Сашо Поцевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на…