Петнаесет илјади чуми да ве фатат: Апасиев ги проколна Филипче и Владата

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во негов стил во последната објава на Фејсбук остро ја критикува Владата и министерот за здравство, Венко Филипче бидејќи, како што пишува, одбиваат да воведат регулирани цени во приватните болници, во кои би можеле да се лекуваат пациентите болни од корона вирусот без да чекаат со часови да биде уплатен депозит од повеќе илјади евра.

во продолжение целиот ФБ статус

Година и кусур после епидемија, при прогласена кризна состојба на целата територија на Републиката, сред најсмртоносниот трет бран на вирусот – Владата (штитејќи нечии бизнис-интереси) упорно одбива да воведе РЕГУЛИРАНИ ЦЕНИ на приватните болници, со цел намалување на екстрапрофитите во услови на здравствена криза!? Па така, имате сцени кога полумртви, дехидрирани и исцрпени наши сограѓани, кои со висока температура, гушење и јаки симптоми на ковид не биле примени на државните клиники – буквално чекаат во кола, на паркингот пред приватните болници, додека нивните роднини не покажат 15.000 ЕУР депозит на сметка! Петнаесет илјади чуми да ве фатат, багро една корумпирана ратно-профитерска. 🤬p.s. И ова, Филипче го вика организиран „здравствен систем“!?

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Општина Стумица со реакција: Општина Струмица бара унифицирана и законски уредена висина на плата на пожарникарите на ниво на држава, а не намалување на платите на пожарникарите

Општина Струмица до порталот Досие достави :Реакција на текстот со наслов „Општина Струмица прави споменици на жртви на…
Повеќе

Фустанот на Мирка !

Цената на фамозната тоалета, фустанот на Мирка Федерер кој е од познат бренд, на попуст чини 680 евра,…