Банки алармирале дека Груевски ги празни сметките уште пред три месеци

„Макфакс“ од извори во Управата за финансиско разузнавање дознава дека Груевски почнал полека да ги празни сметките од пред три месеци во помали износи од пет банки, а не непосредно пред неговото бегство во Унгарија. Парите ги трошел за различни намени. „Нема нагло повлекување на средства тоа е правено полека и многу порано“, вели изворот за „Макфакс“.

Истите извори потврдуваат дека банките според законските прописи ја известиле Управата за финансиско разузнавање дека експремиерот Груевски постојано подига одредени парични износи, за кои, тие имале законска обврска да алармираат. За тоа, како што велат изворите, било известено и специјалното јавно обвинителство.

Според имотниот лист што го пријавил Груевски, тој не поседува недвижен имот на негово име, туку приближно 230 илјади евра и уметнички слики. Груевски пријавил дека поседува и 33 уметнички слики во вредност од приближно 11 илјади евра. Не пријавил заеми и кредити. Осудениот експремиер на функцијата претседател на Владата стапил со имот од приближно 43 илјади евра.

Total
0
Shares
Поврзани објави