Пендаровски: Спорот со Бугарија може да се реши ако не се чепне историјата

Претседателот Стево Пендаровски верува дека македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции.

Пендаровски, во интервју за Дојче веле, која ќе се објавува утре, вели дека за решавање на спорови со стратешка тежина се потребни два предуслови: да постои политичка волја што понекогаш подразбира и политичка храброст да дојдете до консензус кој никогаш не ви го зголемува рејтингот, и второ – да се држите до историските факти кои се меѓународно верификувани и до политичката реалност која е очигледна.

„Во првиот дел, нашата јавност знае дека јас сум првиот македонски политичар во историјата кој јавно понуди поширок политички дискурс во однос на еден од најголемите апостоли на македонското револуционерно движење. Меѓутоа, не отидов понатаму, затоа што тоа е работа на Комисијата составена од историчари, најмалку работа на политичарите“. Смета Пендаровски.

Тој вели дека со премиерот Заев често разговарал за односите со Бугарија и никогаш немале спор дека некои личности и настани можат да бидат чествувани и од двете страни, но, дека македонскиот народ има своја засебна историја, како што бугарскиот народ има своја.

Според него, антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите.

Total
0
Shares
Поврзани објави