Пејачката Елена Велевска : Семејното насилство беше неподносливо

Познатата пејачка Елена Велевска по гласините дека се разведува самата со порака на нејзниот ФБ профил ја откри причината за пронаѓањето на бракот. Таа била жртва на семејно насилство и реши јавно тоа и да го каже што е реткост во Македонија жените да зборуваат за семејно насилство. Во продолжение нејзиниот пост на ФБ:

– Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница.
Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај.
Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам…
Животот за нас оди понатаму. Ви благодарам на разбирањето и поддршката.

Нејзина пријателка открива дека 10тина години траела борбата на пеачката со справување со насилството. “10 години го носиш на грб како крлеж запијан за тебе и се храни со твоја крв . Покрај тебе стана човек…го извади од клат а и ти беше пак таа лоѓата…. горда сум на тебе што се сери да се тргнеш од ова градска болест која не знае да ска и почитува жена…имаш три дечиња ангели ќе бидеш подобра без охридскиот мангуп..”.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пописот ОДЛОЖЕН

По неколку часовни разговори за актуелните прашања во државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со лидерот на…