Од вчера на преминот Дојран како и на останатите но пред се кон Грција, почна означувањето на македонските пасоши со посебен печат. На печатот како што беше најавено ќе пишува дека пасошот е сопственост на Република Северна Македонија.

Додека се сменат насловите на овие документи секој кој ќе помине граница на пасошот ќе добие ваков печат.

Во тек е промена на таблите на сите државни институции , на таблите на граничните премини. За оваа активност како дел од договорот со Грција Владата формира и посебна комисија која во одредени рокови ќе ги смени сите имиња на сите институции.

Граѓаните ќе треба да ги променат сите лични документи и регистарските таблички, за што трошокот ќе го направат од сопствен џеб.