Павле Богоевски поднесува оставка од местото пратеник

Павле Богоевски по скандалот со набавката на нелегални супстанции поднесува оставка од пратеничката функција. Ова тој го најави пред малку со облазложение дека ќе ги сноси одговорностите околу правната постапка, но нема да нанесува понатаму штета на работата на Собранието и во политиката поради негова постапка.

Мојот глас за разрешување на Груевски ќе биде последен глас. Чекав да ја слушнам вашата хајка , не посакувам никому да набавува она што јас го правев за блиска личност.

Ке си ја гушнам одговорноста и ќе си ја понесам одговорноста.

Порака до медиумите и јавноста , од овој момент натаму не е прашање дали Павле има легитиметет, сега е прашање дали моралистите од ВМРО ДПМНЕ ќе го заштитат криминалецот Груевски кој со пари на граѓаните.

Богоевски ја прекина седницата која ќе биде дополнително закажана и најави оставка која ќе биде веднаш депонирана по мандатно имунитетната комисија.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави