Патник од Дубаи сомнителен на корона вирус -резултати наскоро

Пациент што пристигнал од Дубаи, со симптоми на коронавирус се наоѓа на Инфективното одделение на Клиничкиот центар во Скопје. Резултатите од испитувањето на неговата здравствена состојба ќе се знаат за околу два часа, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој апелираше до граѓаните кои допатувале од странство и чувствуваат симптоми на грип да се јават на телефоните во центрите за јавно здравје.

Важно е да не се шетаат по болниците, туку да се јават на телефон по што медицински екипи ќе отидат да ги прегледаат во нивните домови, потенцираше министерот.

Тој нагласи дека обезбедени се заштитни маски, скафандери со кислород и 120 болнички кревети за пациенти кај кои ќе се појават симптоми на вирусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави