Парите за финансирање на партиите се трошеле за избори

Комисијата за спречување на корупцијата констатирала дека пет политички партии правеле малверазиции со буџетски пари за организирање на избори.

Комисијата тврди дека партиите парите за финансирање ги префрлале на друга сметка и ги потрошиле за изборната кампања.

„Некои од партиите немајќи доволно средства, било на редовната, било на изборната сметка, ги земаат парите од буџетот и како донација од партијата ги користат за изборната кампања. Ова го воочивме како како разлика-ако остварил донација милион денари, на изборната сметка префрлил три милиони денари. Два милиони денари остануваат нејасно од кои извори се обезбедени. Тоа е тоа што Државниот завод за ревизија да го потврди зашто тие имаат увид во сите приходи.“, изјави Катица Николовска од ДКСК. 

Злоупотреба имало и на донациите од физички и од правни лица преку исплата на повисоки износи од дозволеното.

Годишно партиите добиваат околу 5 милиони евра и тие средства не смеат да ги користат за избори.

Total
0
Shares
Поврзани објави