Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск утре во рамки на неговата прва посета на државава, ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Извори вклучени во организацијата на посетата на Папата за Македонски весник (www.vesnikmk.eu) информираат дека Папата во Скопје ќе биде возен во возило на италијанскиот автомобилски производител Фиат, поточно моделот „Фиат 500“
Возилото е веќе подготвено и е во црна боја.

Поради временските услови не е сигурно со кој автомобил ќе се вози Папата дали со белиот папамобил или добро познатиот фијат 500 нов модел на легендарното италијанско фиќо. Со тој модел беше во посета на САД но и во други држави (насловна фото од посетата на САД ).

Литургијата може да ја проследат само граѓаните кои имаат влезници, а пристапните влезови во литургискиот простор кон плоштадот ќе бидат отворени од 6 часот до 9 часот. Литургијата се очекува да заврши до 13 часот.

извор: www.vesnikmk.eu