Папата Франциско во интервју за италијанската телевизиска мрежа Канал 5 најави дека следната недела ќе се вакцинира.

Спротивставувањето на вакцинацијата го нарече „самоубиствена негација“.

„Постои оваа негација што не можам да ја протолкувам, но треба да се вакцинираме. Следната недела започнуваме со тоа во Ватикан. Договорив термин, тоа треба да се направи“, рече папата.

Европската агенција за лекови одобри од шишенцата вакцина која ја произведуваат Фајзер и Бјаонтек да може да се извлече и шеста доза, што ќе овозможи вакцинирање поголем број луѓе бидејќи недостасуваат вакцини.