Палмер: Oчекуваме влада што ќе ја води Северна Македонија кон ЕУ

САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија, рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Метју Палмер, кој учествуваше на виртуелен брифинг на „Балкан инсајдер“ во Вашингтон.

„Сега е период на преговарње за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Северна Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја води државата напред на патот кон Европската Унија“, рече Палмер, додавајќи дека САД очекуваат новата влада да биде посветена и на имплементирање на Договорот од Преспа.

„Влада која ќе работи да го унапреди мирот и просперитетот на сите граѓани на Северна Македонија“, рече тој.

Палмер нагласи дека независно од тоа каква влада ќе излезе од моменталното коалицирање на политичките актери, ќе може да најде силен и натамошен партнер во САД, доколку биде посветена на исполнување на овие цели. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави