видео:Пакет со сарин (нервен гас) испратен до седиштето на Фејсбук?

Вработените во Фејсбук се враќаат на работа во седиштето на компанијата во Силиконската долина. Вчера беше наредна евакуација откако на нервен гас сарин беше позитивно тестиран пакет.

Компанијата соопшти дека две лица биле лекарски прегледани за можна изложеност на отровното соединение.

Портпаролот на Фејсбук, Ентони Харисон изјави дека властите се` уште не ја идентификувале супстанцијата од сомнителниот пакет и дека компанијата соработува со полицијата.

Властите велат дека постои можност машината која ја тестира поштата да дала лажни резултати.

Сарин е токсично соединение кое го нарушува нервниот систем.

Total
0
Shares
Поврзани објави