Отворена скопската зоолошка градина, задолжителни маски и дистанца од 1,5 метри

Со почитување на протоколот за заштита, од денеска за посетителите повторно ќе биде отворена Скопската зоолошка градина. Почнувајќи од 9 часот посетителите при влез во ЗОО Скопје ќе треба да носат маска или марама, а ред ќе се чека на дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано.

Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината.

Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.

Total
0
Shares
Поврзани објави