Отказ за советникот на Чулев поради насилно однесување

Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на попранешниот министер Наке Чулев .

Одлуката е донесена по спроведената дисциплинска постапка против него откако на денот на предвремените парламентарни избори, во јули беше снимен како го пцуе и се обидува физички да го нападне командирот од Тетово, Зоран Талев.

Дисциплинската комисија утврдила дека на 15 јули (ден кога се одржаа парламентарните избори) околу 15,30 часот во Тетово, државниот советник З. Ѓ. отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил врз З.Т. и се обидел физички да го нападне. Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници.

Во врска со настанот било постапено од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.07.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за ГОКК.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Косовски државјанин се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно се однесувал кон патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје

Косовски државјанин се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно се однесувал кон патниците на денешниот лет…