Освен Катица најмногу бонуси зела Јосифовска, најмалку Ленче Ристоска

Не е само Катица Јанева. И другите обвинители од СЈО добро се „нафатирале“ за време на нивниот мандат. Најплодна година за сите обвинители била ланската, тогаш најмногу се збогатиле.

Најмногу се „офајдила“ обвинителката Елизабета Јосифоска. Освен редовната плата, таа земала дури 107 илјади евра дополнителни пари како надоместоци. Фамозниот бонус за доверливост за неиздавање важни информации од бомбите кој е класифициран како „Други договорни услуги“, им се исплаќал на сите обвинители речиси подеднакво и годинава заклучно со августовската исплата изнесувал 2.440 евра месечно. Да потсетиме, Катица Јанева по овој основ земала 4.000 евра месечно. Таканаречениот бонус за доверливост стартувал од, за обвинителите скромни, а за јавноста енормни 1.140 евра месечно. Од септември 2016-та, бонусот пораснал на 1.500 евра, за од октомври 2017-та да се зголеми на 2.440 евра месечно.

Јосифоска цели 4 години освен огромни бонуси за доверливост, секој месец примала и 400 евра за кирија и 43 евра за транспортни трошоци. Во текот на 2015 и 2016-та година таа била исплаќана и од матичното обвинителство од Гостивар за транспортни трошоци и врз основ на судски решенија.

Втора на листата е обвинителката Лиле Стефанова. Освен редовната плата, таа земала дури 94 илјади евра бонуси од СЈО. Износот на бонусите за доверливост се исти како и кај Јосифоска, но во 2016 и 2017-та, и биле исплаќани и 350 евра месечно за кирија и 53 евра на име транспортни трошоци. Пред ангажманот во СЈО, во 2015-та, Стефанова примала слични надоместоци и од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, но во помали износи. Киријата изнесувала околу 250 евра месечно.

Ленче Ристоска, една од најекспонираните обвинителки во јавноста, зела најмалку. Секоја година добивала иста сума за бонуси како и другите обвинители, но вкупно инкасирала 72.520 евра, само затоа што таа, за разлика од другите, не добила еднократен бонус за доверливост во последниот месец од 2015-та година.

целата информација на Алфа.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави