Здружената опозиција во Собранието преку штанцање илјадници амандмани ќе го спречи онлајн гласањето на пратениците.  

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива и Левица поднесоа над 3 000 амандмани, со кои нема да дозволат измени на Собранискиот деловник каде власта сака да воведе он лајн работење на пратениците заразени од корона вирусот.

Албанската опозиција веќе поднела повеќе од 300 амандамни, додека останатите ќе се поднесат од ВМР-дПМНЕ и Левица.

Координаторот на коалицијата Скендер Реџепи тврди дека за онлајн работа на Собранието нема ни технички, ниту демократски услови.

Слични забелешки за процедурата за донесување на измените на Деловникот има и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.