Охридски бизнисмен дел од група фалсификатори на пасоши и визи

Во голема полициска акција на МВР со асистенција на охридската полицја вчера е упасен охридски бизнисмен осомничен за правање лажни пасоши и визи. Полицијата рано изутрината изврши неколку претреси и го уапси бизнисменот и уште тројца.
Четири лица се во притвор, а едно во бегство поради фалсификување на патни исправи. Еден од притворените е и познат охридски бизнисмен, на кој му е одземено и луксузно возило, марка Мерцедес.
Извршенои се и претреси во охридското село во куќи на уапсените и места каде се изработувале пасошите. Приведените лица фалсификувале патни исправи и визи за Америка и Канада.

Total
0
Shares
Поврзани објави