67-годишната струмичанка која вчера беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во центарот на Струмица е убиена, јавува МИА, повикувајќи се на информации од Јавното обвинителство.
Случајот бил пријавен во полиција по што увидните екипи излегле на терен.
Увидотот на полицијата и обвинителството заврши доцна , но, повеќе детали надележните институции не се соопштуваат. Само кусо информираа дека во текот на денешниот ден ќе се знае повеќе за настанот, како и за можните сторители.