Одземен имунитетот на пратеници осомничени за крвавиот четврток

Без присуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања изгласа да им се одземе имунитетот на шестмина пратеници.Со поединечно изјаснување за секој од шестмината пратеници за кои пристигна барање од Судот, собраниската комисија денеска едногласно одобри да им се одземе имунитетот.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски, како и Љупчо Димовски од Социјалистичката партија се меѓу 36 осомничени за крвавиот четврток.
Комисијата сега треба да го информира Собранието за својата одлука, по што, за одземањето на имунитетот на пратениците треба да гласа и мнозинството во законодавниот дом и тоа во рок од три дена.

Total
0
Shares
Поврзани објави