Се очекува Владата денеска да донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот откако претпладнето таква препорака произлегла од заседанието на Главниот координативен штаб, дознава „360 степени“.

Според нашите сознанија, од утре па во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за два часа порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22 часот, тој ќе почнува од 20 часот и ќе трае до 5 часот изутрина.

Во текот на денов се очекува Владата да одржи седница и да ги формализира одлуките.

Ова, најверојатно, е причината и за одлагањето на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, која првично беше закажана за денеска во 11 часот.