Од билтенот на МВР : Жена се лизнала , паднала и се удавила во реката Треска

Полицијата соопшти дека вчера во 16.55 часот, телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје, граѓанин пријавил дека во Сарај, во водите на реката Треска, во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош. Минувачи притрччале да помогна и жената била извадено на брегот и според пријавата на граѓанинот, се уште давала знаци на живот. Но, кога пристигнала Итна медицинска помош, доктор констатирал дека ѓената починала.
Жената и е утврдено дека се работи за М. Ц. (31) од Приштина-Косово, која била на гости кај нејзината сестра во Скопје. Според пријавеното, несреќниот настан се случил додека двете сестри се шетале покрај Треска, М.Ц се лизнала и паднала во водата. Увид извршен од Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина .

Total
0
Shares
Поврзани објави