Последните разговрори пуштени во судница за случајот Титаник се на Јанакиески со Амди Бајрам, човек од ТАВ аеродром и Јанкуловска. Сите коваат план како да се натераат Ромите да гласаат, а Албанците со авиони кои пристигнуваат на Охридски аеродром да се заглават на аеродром, и по пат кај Кичево да се спречат со наместена сообраќајка.
Јанакиески од Амди Бајрам бара од него да притиснат, зошто немало излезност на Кале. Амди на тоа му вели „па идеме, како не идеме, па во куќи им влеговме”.
Јанакиески разговара со Гордана Јанкуловска дека во 4:00 и 4:30 доаѓаат два авиона со Албанци во Охрид, па размислуваат како да ги спречат да гласаат, „дали да го задржат некако авионот да врти пред да слета, дали скалите за симнување да се постават подоцна или пак да се направи некоја сообраќајка, да се преврти трактор да не може со коли да ги земат”.
„А, да превртиме камион со песок или нешто така цело да се блокира“, му вели Јанкулоска на Јанакиески.