Обвинителството се вклучува за полициско насилство врз Ибиши

По пријавата на Ерџан Ибиши за насилството извршено во полициската станица Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава против полицаецот Стефан Михајловиќ, кој е осомничен дека му нанел тешки телесни повреди додека бил со лисици на рацете, известува Алсат-М.

Министерот за внатрешни работи во заминување Агим Нухиу се сомнева дека полицискиот извештај не ги содржи сите докази на странките, па затоа бара да биде вклучено и Обвинителството.

„Јас само што го добив првичниот извештај од внатрешната контрола и јас лично не сум задоволен од тоа како го составиле. Бидејќи има недостаток на директни и индиректни докази за да се опише фактичката состојба, побарав во процесот да се вклучи и Обвинителството“, изјавил Нухиу за Алсат-М.

Ерџани и вчера беше повикан во полициската станица, за да достави докази пред Комисијата за внатрешна контрола. Тој рече дека полицијата, во обид да ги минимизира можните злоупотреби на нивните колеги, не ги земале како релевантни фотографиите од повредите добиени од тепањето на 9 август.

„Во внатрешна контрола испратив фотографии што ги имав како доказ, но тие од десната страна не ги прифатија. Според нив, јас, наводно, сум ги измислив со „фотошоп“ или така некако“, изјавил Ибиши.

Семејството Ибиши ангажираше адвокат кој ќе поднесе кривична пријава против полицискиот службеник за нечовечко однесување или тортура при вршење на службена должност.

Полицијата не ја исклучува можноста за суспендирање на полицискиот службеник вклучен во настанот. Но, тоа ќе зависи од истрагата на Обвинителството. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави