ФОТО: Обвинителството потврди: Реното преминало на спротивната лента

Како што првично синоќа објави ДОСИЕ.МК причина на сообраќајката во која загинаа петмина е преминување на реното на спротивната лента на движење. Нешто пред полноќ очевидци раскажаа дека реното се движело со поглема брзина и изгубило контрола, по што преминало од другата страна на коловозот и дирекно удрило во камионот за смет. На место загинаа 3 лица а потоа починаа уште две.
Обвинителството излезе со првичните детали од увидот.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот.

Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени.

Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

Total
0
Shares
Поврзани објави