Обвинителството го „чешла“ предизборното рекламирање на партиите

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање.

МВР до ОЈ доставил Известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.

Во насока на утврдување на наводите од Известувањето, во текот на утрово во координација со обвинителството, МВР спроведе акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.

Total
0
Shares
Поврзани објави