Обвинителството бара затворска казна за случајот „Млечен“

Обвинителството бара затвор за возачот кој ја предизвика сообраќајката кај Млечен. Денеска подготви жалба на пресудата од Кривичен кој одреди условна казна за Васил Чорбаџиев. Предлага Апелациониот суд да му одреди ефективен затвор.

„Надлежниот обвинител оцени дека при одредувањето на санкцијата, првостепениот суд ставил акцент на олеснителните наспроти отежителните околности, што казната основно и објективно ја прави блага и неадекватна. Од Тие причини, обвинителот предложи Апелациониот суд да изрече построг вид и висина на кривична санкција за обвинетото лице, односно казна затор“, информира обвинителството.

Обвинителството смета дека при одредувањето на казната, судот не посветил внимание на последиците од несреќата туку во предвид ја земал само изјавата на Чорбаџиев со која го признал делото.

„Признанието на вина во услови кога обвинетиот несомнено е свесен за доказите против него и за извесноста да се соочи со санкции, само по себе не треба да претставува цел на привилегирање на сторителот, особено кога се работи за кривично дело со тешки последици “, објаснуваат од обвинителството.

Условната казна за сообраќајката кај Млечен во која загина возач на мотор а неговата сопруга Наташа Димитриевска го загуби плодот, Кривичниот суд ја изрече на почетокот од месецов и предизвика негодување во јавноста.

Незадоволна од пресудата, Димитриевска поднесе претставки до Судксиот совет и Советот на јавни обвинители со кои бара преиспитување на работата на судијата и обвинителот.. Побара од Апелациониот суд, условната казна да ја замени со затвор.

Обвинителството предлага Чорбаџиев да добие и забрана за управување со моторно возило.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес кај Крушевац

Земјотрес со јачина од 3.8 степени по Рихтер ја потресе Србија. Епицентарот на земјотресот е лоциран на 17…