Обвинителен акт против екс- претседателот на ДИК и уште 4 лица

По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор. Обвинетите се товарат дека кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик го сториле при две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за 1 312 409,00 денари.

Имено, И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката за јавна набавка на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Врз основа на Извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот О.Д. како претседател на ДИК без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач. Откако постапката била поништена, првообвинетиот спротивно на мислењето на Бирото за јавни набавки, донел одлука за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас и притоа по негови насоки биле намалени критериумите за вреднување на економските оператори во делот на квалитет. Покани за поднесување понуди за Набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК биле испратени до два економски оператори и во повторената постапка повторно како најповолен понудувач бил избран економскиот оператор ДУНА ДОО со кој првообвинетиот потпишал Договор за јавна набавка. Иако бил должен пред да го потпише Договорот и пред да го имплементира софтверот да обезбеди негово тестирање заради утврдување дали истиот ги исполнува бараните услови, тој не го сторил тоа и дозволил истиот да се пушти во употреба без спроведено тестирањето и без направен квалитативен и квантитативен прием на услугата од Договорот. На ваков начин за економскиот оператор била прибавена корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор на износ од 899.999,00 денари.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Парно ќе има !

Проблемот со снабдување топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата до крајот на…