Обвинението за Тачи и Веселји објавено пред да биде потврдено, првообвинетите се обиделе да ја попречат работата на судот и обвинителството

„Жртви на кривичните дела од обвиението се лица чиј идентитет ни е познат, меѓу кои се косовски Албанци, Срби, Роми и лица од дргиги националности, како политички противници“, соопшти Специјалното обвинителство во Хаг.

Обвинителството на Специјалниот суд за злосторствата на Косово, пред се злосторствата на ОВК, поднесе обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи, потоа против Кадри Веселји и други лица. Тие се обвинети за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи убиства, киндапирање лица, прогон и мачење. Ова денес беше соопштено во Хаг.
Според наводите од обвинителството Тачи, Веселји и другите обвинети имаат кривична одговорност за стотина убиства, но кои конкретно се обвинети не беше наведено.
„Жртвите на кривичните дела од обивинението се лица чиј идентите нѝ е познат и меѓу кои се косовски Албанци, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници“, пишува во соопштението.
Обвинителството е уверено дека без сомнеж може да ги докаже сите обвиненија, за кои е водена долгогодишна истрага. За да добие правна сила обвинението треба да го потврди судија на претходна постапка на Специјализираниот совет на Косово, кој во моментов ја испитува,
Специјалниот обвинител рече дека обвинението го објавиле пред тоа да биде потврдено, поради обиди на двајцата првообвинети косовски функционери да ја попречат работата на судот и обвинителството.
„Специјалниот обвинител сметаше дека е потребно за обвиненијата да даде јавно соопштение поради постојаните обиди на Хашим Тачи и Кадри Веселји да ја попречуваат и подриваат работата на Специјалниот совет“, пишува во соопштението.
Во соопштението се додава дека Тачи и Веселји спровеле тајна кампања со која треба да се укине законот со кој Специалниот совет се основа како суд и дека и на други начини се обидувале да ја попречат работата на судот.
Овој суд е формиран со задача да ги испита злосторствата кои ги извршиле пред се припадниците на ослободителната војска на Косово, и почна со работа во јануари 2017 година.

Извор: Инсајдер

Total
0
Shares
Поврзани објави