Обвинение и продолжен притвор за дадилката која тепаше дете во игротека

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение за кривично дело запуштање и малтретирање дете против негувателката која беше снимена од безнедносни камери во игротека во угостителски објект во Аеродром како тепа дете кое и било доверено на чување. Од Обвинителството побарале и продолжување на притворот, мерка која и била претходно одредена.

-Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата на 21.11.2019 година, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Додека родителите биле на работа, негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да и побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди, соопшти Јавното обвинителство, информираат од Обвинителството.

Од обвинителството посочуваат дека со оглед на тоа што во конкретниот случај постои реална опасност од бегство на обвинетата, како и можност таа да го повтори делото што и се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

соопштение ЈО

Total
0
Shares
Поврзани објави