Облачно време со слаби врнежи од дожд, на планините и снег

Денеска не очекува значително облачно време. Во северните и источните делови ќе има повремени слаби врнежи, на пониските места од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините од снег.

Можни се и краткотрајни врнежи од замрзнат дожд, а ќе дува умерен ветер. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Утре се предвидува претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 4 во Скопје и Маврово, Охрид 7, Битола, Крива Паланка и Берово 5 до 9 степени во Дојран.

Total
0
Shares
Поврзани објави