На фејбук страницата која го носи името „ВМРО-ДПМНЕ УМС Гази Баба“ е објавено видео на кое се гледа палење на знамето на Република Бугарија со наслов „Одговор за заедничката историја”.

Покрај видеото нема текст кога се случило и каде се случило и кој стои зад палењето. Се огласија од матичната ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека фејсбук профиклот е лажен и не е партиски и дека тие немаат никаква врска со инцидентот.

Оттаму велат дека лажната вест за палењето на бугарското знаме е шовинистички обид на удбашката власт да го отргне вниманието на јавноста од вистинските проблеми.

Доцна вчерва се огласи и министерството за надворешни работи:

„Најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на република северна Македонија, велат од МНР.