Обид за киднапирање на ќерка на пратеник од СДСМ

Телевизија „Сител“ утрово пренесува дека непознати лица се обиделе да грабнат седумгодишна ќерка на пратеник од СДСМ. Настанот според извори на Сител е пријавен во полиција.

Настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани кога детето се враќало од училиште и возило со странски регистарски таблички ја пресретнало и од автомобилот излегле непознати лица со локален дијалект кои побарале од него да влезе внатре.

Но во тој момент на местото се затекнал дедото на малолетното девојче по што сомнителните лица се откажале од намерата и побегнале.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Воз удри во автомобил кај Кондово

Автомобил марка „ситроен“ изутринава заврши под локомотива ма македонски железници додека поминувал преку пругите кај скопското село Кондово.…