НСП бара внимателност од политиката во поставување кадри во полицијата

Независниот синдикат на полицијата (НСП) во пресрет на формирањето на новата влада побара внимателност кога се поставуваат раководни кадри во Министерството за внатрешни работи. Гоце Делчев Тодев, претседател на НСП, тврди дека веќе ангажирале 42 адвокати со цел да ги заштитат работниците во полицијата.

„Пред да седне некој во фотелја, овој пат мора некој да размисли дебело кој кого ќе поставува на убавите удобни фотелји зад мене, бидејќи сето она што се случуваше во изминатиот период е прашање за кое целата македонска јавност се занимава од причина што небулозите кои ги слушаме исклучиво преку златните медиуми, рече Тодев.

Тој смета дека на одредени позиции во полицијата се поставуват нестручни кадри, а од тоа трпи полицаецот, трпи работникот.

„Од овој момент активирани се 42 адвокати во Независниот синдикат на полицијата, ќе имаме многу работа од причина што нема да оставиме некој да си игра со работникот на полицијата, а оној што е граѓанин да си игра мајтап со самото МВР и оваа држава“, рече тој.

Според него, шест полициски службеници заработиле кривични пријави од МВР заради прекумерна употреба на сила.

„Ова кажува и за тоа тој што ќе го извади пиштолот има помала одговорност, а овие може да се соочат со казна затвор од 3 до 5 години“, вели Тодев додавајќи дека ако некој граѓанин може пиштол да му извади на полициски службеник, што останува за обичен граѓанин.

Тој ја повика политиката професионализмот во полицијата да го остават на професионалци.

„Дел од комисиите во рамките на НСЗ активно работат на одредени простори во наредниот период да се расчистуваат со наредното раководство на чело со министер, кој за многу брзо време треба да дојде во рамките на МВР, истакна Тодев. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Владата го задолжи МЗ вo рок од два дена да достави информација по објавената сторија за случувањата поврзани со Клиничката болница „Жан Митрев“

Министерот за здравство Беким Сали денеска на прес конференција посочи дека е побаран вонреден инспекциски надзор во Клиничката…