Новиот советник на премиерот со обвинение за насилтво ?

Новото советничко место во владата на Зоран Заев според извори на ДОСИЕ.МК е веќе ветено за лице со обвинителен акт за насилство. Се работи за совеничко место за посебен советник за труд и социјална политика во Канцеларијата на премиерот Зоран Заев. Вработувањето е на определено време со 50 000 денари плата. Тој ќе биде еден од 40 те советници.

Според извори на ДОСИЕ.МК советникот за кого е подготвено местото е со обвинение за насилство кое го извршил на работно место во Кривичниот суд. За насилството извршено пред судија, а била нападната колешка три години се води постапка во судот во Велес , кај судијата Габриела Гајдова, но постојано се одлага.

За да може советникот да го добие ова место мора да има потврда дека е не е осудуван и дека не се води постапка против него. Таква потврда е издадена од матичниот Кривичен суд во Скопје, а постапката во Велес е ставена во фиока.

Дали местото е обезбедено за човекот кого и самиот премиер Заев појасни дека го запознал на улица за време на Шарената револуција , човекот кој нападна новинар во судница и колешка во судот ќе видеме.

Total
0
Shares
Поврзани објави