Нов земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутрина во 03:51 минута во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран на 13 километри северозападно од Пехчево.

Тлото во овој регион се стресе и во саботата, кога беше регистриран земјотрес од 2,7 степени според Рихтер.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина актерката Неда Арнериќ

Познатата српска актерка Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст, објави Телеграф.рс. Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан,…