Ноќеска по полноќ граѓаните на Сисак вознемирени од потрес со јачина од 4,9 според Рихтер

Со епицентар во Сисак, ноќеска по полноќ е регистриран уште еден земјотерс во централниот дел на Хрватска. Надлежните информираат дека имал јачина од 4,9 степени според рихтеровата скала.

Инаку, на само три дена пред Нова година, градот Петриња беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер. Центарот на градот е особено критичен поради што од пред неколку дена е затворен за движење, разурнати многу домови, па дел од жителите јануарските ноќи ги минуваат во шелтери. 

Total
0
Shares
Поврзани објави