Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски доставил предлог до премиерот Зоран Заев за разрешување на директорката на Националната агенција, Лидија Димова, по скандалот за ненаменско тршење европски пари.

Заев ќе одлучи дали ќе побара оставка или ќе ја разреши Димова.

– Денеска доставив до премиерот Зоран Заев мислење со кое предлагам изрекување на една од мерките според етичкиот кодекс. На основа на она што го констаиравме, прекршување на членови од кодексот, сметам дека за Димова треба да има политичка одговорност“, изјавил за Канал 5 Николовски.