Не само пасоши, во земјава недостигаат и обрасци за сообраќајни дозволи. 

Граѓани кои имале проблем со обезбедување на овие документи, за нашата редакција сведочат дека е многу тешко да се дојде до сообраќајна дозвола.

„На моето барање да ми биде издаде сообраќајна дозвола, ми беше одговорено дека едноставно овие документи сега ги нема, бидејќи недостигаат обрасци. Едвај некако, практично преку извесни ургенции, успеав да дојдам до еден таков документ и да извадам сообраќајна дозвола, за да можам да го регистрирам возилото. Луѓето кои ми помогнаа ми рекоа дека тоа е последната сообраќајна дозвола која некако се зачувала“, велат граѓани за Фактор кои имале таков случај.

Од Министерствоти за внатрешни работи го признаваат проблемот. 

За Фактор извори од Министерството велат дека е точно оти има недостиг, но тврдат дека во случајот со сообраќајните дозволи не станува збор за голем проблем како кај пасошите, туку за повремени „гепови“ кои траат по еден до два дена, кои потоа брзо се надополнуваат.

Најизразен е проблемот на подрачјето на СВР Скопје.

„Конкретно овие денови има недостиг, но од компанијата која ги изработува сообраќајните дозволи ни рекоа дека утре или најдоцна до задутре би требало да пристигнат околу 5.000 обрасци, со што ќе се надмине тековниот недостиг“, објаснуваат извори од СВР Скопје. Анализата продолжува на Фактор.мк.

извор: Фактор.мк