Нема пасош за Камчев

Бизнисменот Орце Камчев нема да добие нов времен пасош, иако за него понуди гаранција од 2 милиони евра. Оваа е одлуката која денеска ја соопшти Кривичниот суд.

-Заради интерес на медиумите околу барањето за издавање пасош со ограничен рок на важење за Ј.К. и Ц.П. опфатени во предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека и Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање.

За истото веќе се известени странките во постапката, информираат од Кривичниот суд.

Камчев е еден од осомничените во истрагата за случајот „Империја“, која ја отвори СЈО.

Total
0
Shares
Поврзани објави