Даночници од Куманово се гонат што присилно не наплатиле околу 700 илјади евра данок на имот

Полицијата поднела кривична пријавата против двајца вработени во општинската администрација за утврдување даноци во Куманово поради сомнение дека ја злоупотребите службената положба.

Осомничените се товарат дека за 13 години колку што работеле на утврдување и определување на данок на имот и комунална такса за фирмарина, не ги искористиле законските можности за присилна наплата на долгот од граѓаните и фирмите.

„Пријавените, иако биле должни, не постапиле согласно одредбите од Законот за данок на имот и не спровеле постапка за присилна наплата, туку со неизвршување на својата службена должност и овластување дозволиле да поминат пет години од денот на доспевањето на даночните обврски, тие да застарат и да бидат отпишани како застарени и ненаплатен“, велат од МВР.

Со непостапување, осомничените го оштетиле општинскиот буџет за околу 700 илјади евра. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Не постојат дополнителни услови во преговарачката рамка, но секоја држава, за секое поглавје може да дава забелешки, вели Ковачевски

Германскиот канцелар, вели Ковачевски, ги повтори тие гаранции кои веќе стојат во преговарачката рамка. Други услови не може…