Триесет и две годишен жител на тетовското село Боговиње нападнал лекар кој од повредите завршил во болница во Скопје.

Инцидентот го пријавил тепаниот лекар вчера околу 8 часот во СВР Тетово. Според пријавата на четириесет и седумгодишниот лекар, тој бил физички нападнат на Психијатриското одделение во тетовската клиничка болница.

Лекарот од повредите бил хоспитализиран во болница во Скопје. Полицијата го расчистува инцидентот.