Народна банка – крипто- средства не се законски за плаќање кај нас – обештетување нема

Од Народната банка потенцираат и дека крипто-средствата не се ниту законско средство за плаќање во нашата земја

Народната банка денеска објави соопштение во кое ги предупредува граѓаните во земјава дека вложувањето во крипто-валути е високоризично, дека тие не се гарантирани и не постои механизам преку кој лицата ќе бидат обесштетени доколку дојде до загуби ако пропадне платформата преку која се врши тргувањето или субјектот што издал некое крипто-средство.

„Не постои механизам за обесштетување на имателите на крипто-средства“,

потенцираат од Народната банка и додаваат дека крипто-средствата не се ниту законско средство за плаќање во нашата земја.

Од НБ потсетуваат дека кај нас, како и во други земји, нема општо прифатена дефиниција за крипто-средствата – тие се специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, кое не е издадено ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка или друг регулаторен орган, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем,

Исто така, потсетуваат дека вложувањето во крипто-средства значи изложување на многубројни оперативни ризици и други ризици од загуба на нивниот имот.

„Со оглед дека издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средствата зависат од компјутерски системи и софтвери, во оваа сфера многу големо значење имаат ризиците поврзани со дигиталниот простор и можноста за т.н. хакерски напади и губење имот. Финансиските институции можат да одбијат спроведување платежни трансакции што се поврзани со вложување во крипто-средства, доколку оценат дека таквите трансакции ги изложуваат нив или нивните клиенти на високо ниво на ризик од перење пари или финансирање тероризам“,

предупредуваат од Народната банка.

За сите останати прашања поврзани со крипто-валутите, од НБ го посочуваат следниот линк.

Total
0
Shares
Поврзани објави