Најновите информации на Досие за хаваријата во Охис е дека се работи за голема и многу опасна состојба. Истечената токсична материја го загади воздухот и пошироката околина околу фабриката.

Според нашите информации хаваријата се случила на пладне , но интервенција од служите била побарана дури три часа подоцна. Бавната интервенција на институциите се должи на недостаток на соодветна опрема за интервенција.

Единствено АРМ и тоа посебна единица се опремени и обичени за вакви интервенции. Ниту пожарникарите ниту полицајците кои го обезбедуваат теренот не се заштитени од отровниот воздух. Со брза помош веќе две лица се изнесени од фабриката.

Околината не е евакуирана , жителите не се информирани дека се работи за материја опасна по живот иако алармираа за непријатна миризба и здраствени тегоби. Движењето на медиумските екипи е дозволено до капијата на фабриката , но не се информирани дека воздухот е токсичен и дека испaрувањето предизвикува слепило.

К.Мачкиќ