Властите потврдија дека во хеликоптерската несреќа загина и Џиана 13 – годишната ќерка на легендарниот кошаркар Коби Брајант.

Несреќата се случи денеска во предградието на Лос Ангелес.

Поранешната НБА ѕвезда, Коби Брајант, го загуби својот живот во хеликоптерска несреќа, објави вечерва „ТМЗ“.

Брајант и уште четири лица загинале по пад на хеликоптерот во околината на Лос Анџелес, а потврдено е дека со него не патувала сопругата Ванеса или друг член на семејството.