Српските медиуми објавија дека девојчето по кое се трага десет дена Моника Каримановиќ е пронајдена.

Според нивните сознанија таа е жива. Во моментот кога полицијата го опколила Малчанскиот бербер како што го нарекуваа нејзиниот киднапер, тој го пуштил девојчето, а потоа продолжил да бега.