На убиената бугарска новинарка не и се познавало лицето од тепање

„Има доволно собрано ДНК-материјал на местото на убиството во Русе, каде што жестоко беше убиена триесетгодишната Викторија Маринова, административен директор на ТВН во Русе, и извршителот ќе биде откриен, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов, за убиството на бугарската новинарка.
„Од начинот на кој се работи има многу собран ДНК-материјал – прашање на време е кога ќе се реши случајот“, рече Борисов.
Tелото на новинарката е откриено на кејот на реката Дунав на тешко достапно место. Претпоставките се дека била нападната дoдека трчала на кејот. Во 10.30 часот пиела кафе со колегите, а во 14.18 е извршено убиството.
Не е јасно дали убиството на Маринова е поврзано со нејзината новинарска работа. Властите работат на идентификување сведоци и потенцијални мотиви за нејзиното убиство.
Бугарските власти го испитуваат бруталното убиство на новинарката Викторија Маринова, која работела на истражувачки стории за корупција со средства од Европската Унија. Сè уште нема осомничени за убиството, но детали за случајот што ја вознемири Бугарија, но и регионот, почнаа да се изнесуваат во јавноста. Ова е четврт новинар што е убиен во Европа годинава.
Телото на 30-годишната Викторија Маринова беше пронајдено во саботата во близина на пешачка патека во градот Русе. Првичните анализи покажале дека причина за смртта е удар на главата и задушување.
Бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Младенов, го опиша убиството како исклучително брутално и рече дека Маринова била силувана пред да биде убиена. Тој рече дека главните инспектори за убиство во земјата биле испратени во Русе за да работат на случајот.
Регионалниот обвинител на Русе, Георги Георгиев, изјави за државните медиуми дека не ги пронашле нејзиниот мобилен телефон, клучевите за автомобилот, очилата и дел од нејзината облека.
Според медиумите, бугарска истражувачка новинарка Викторија Маринова толку брутално била претепана и удирана по лицето што не можела да биде идентификувана. Нејзиното полуголо тело беше пронајдено во оддалечена област по должината на реката Дунав во Русе, но потребни биле неколку часа за да биде идентификувана.

Total
0
Shares
Поврзани објави